ЖАЛФИА

Жалфијата (науч. Salvia) е род на растенија во фамилијата усноцветни.

Името жалфија генерално се однесува на обичната жалфија (Salvia officinalis), но може да се користи и за секој член на овој род. Родот Salvia вклучува близу 700 до 900 видови на грмушки, тревести повеќегодишни растенија и едногодишни растенија со речиси светско распространување. Центарот на диверзитетот и потеклото на овој род по сѐ изгледа дека е Средна и Југозападна Азија. Украсните растенија најчесто се нарекуваат со нивното научно име Salvia.

Блискиот род Perovskia и Phlomis се исто така познати како жалфии. Некои видови од нероднинскиот род Artemisia исто така се познати под името жалфија.

 

Жалфијата се користи како зачинска и медицинска билка, а исто така служи и за добивање на етерични масла. Во фетотерапијата се користат листовите од жалфија кои се сиво – бели поради присуството на бели влакненца. Се собираат во период кога се развиваат цветните пупки – во мај и јуни.

Содржи eтерично масло кое има антимикробно и антивоспалително дејство. Докажано е дека ги уништува бактериите escherichia coli, shigella sonnei, salmonella. Исто така, таа е ефикасна и во уништување на некои габи. Поради ваквото дејство жалфијата е корисна билка за лекување на воспаленија и инфекции на слузницата на устата, непцата и грлото. Жалфијата ги омекнува секретите од воспалените слузници на дишните органи, со што полесно можат да се искашлаат. Сувите лисја се употребуваат и како зачини, бидејќи ги подобруваат вкусот и мирисот на храната, а го олеснуваат и нејзиното варење.

Чајот од жалфија има диуретично дејство, кое е послабо изразено, а се должи на присуството на флавоноидите. Може да помогне и при хронични заболувања на уринарните патишта. Од многу одамна било познато дека чајот од жалфија е мошне ефикасен лек против потење. Ваквата моќ на жалфијата се објаснува со нејзиното дејство врз нервниот центар, кој ја регулира работата на жлездите кои лачат пот. Најчесто се препорачува да се пие против потење од нервно потекло или при топлотни бранови кои се јавуваат во менопауза.

Нанесен врз кожата чајот од жалфија ја затегнува кожата и ги смирува воспаленијата.

Латинскиот назив salvia потекнува од зборот „salvare“, што значи „спасување, лечење“, бидејќи Римјаните уште пред 2.000 години ја користеле оваа билка за лечење на разни болести.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза