ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА УЛИЦАТА ВО ИЊЕВО ВО ДОЛЖИНА ОД 545 МЕТРИ

Општина Радовиш започна со реализација на еден голем инфраструктурен проект изградба на улица бр.10 во село Ињево. 

Се работи за урбанизирање на земјена улица во должина од 545 метри, а во оваа фаза ќе се реализираат земјените работи, по што ќе следи тампонирање и асфалтирање на вкупната површина како и изведба на атмосферска канализација и бехатонски тротоари. Во должина од 200 метри ќе биде заменета и старата водоводна инсталација. 


Со релизацијата на оваа улица жителите од овој дел на селото ќе добијат урбанизиран пристап до своите домови – истакнуваат од општина Радовиш.

 




 




 





 

Related Articles

Временска прогноза