ЗАПОЧНУВА ТРЕТИОТ КРУГ НАТПРЕВАРУВАЊЕ ОД ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Нашите второлигаши утре го започнуваат третиот круг натпреварување во Втората фудбалска лига (Исток).

ФК Детонит гостува во Велес кај лидерот на табелата ФК Борец, и како што најавуваат од стручниот штаб, мотивирни и во полна кондициона спремност утре ќе атакуваат на посакуваните бодови.

ФК Плачковица исто така гостува оваа коло и тоа во Кавадарци на домаќинот ФК Тиквеш, и овде нашите фудбалери ќе се обидат да освојат бодови, кај второпласираната екипа во лигата ФК Тиквеш, кој исто така е претендент за влез во Првата фудбалска лига.

Веќе во сабота ФК Плачковица игра на домашен терен против екипата на лидерот ФК Борец од Велес, а ФК Детонит има уште едно гостување во Пехчево кај домашната ФК Кит Го.

Интересно ќе е во третото коло каде што нашите екип играат меѓусебе на Градски стадион во Радовиш, каде што веруваме дека тој ден ќе е празник на фудбалот во Радовиш на преполниот стадион.

Според распоредот на ФФМ во некое коло се поклопуваат термините на одгрување на домашен терен помеѓу двете екипи, но веројатно тој викенд едната екипа својот натпревар ќе го одигра во недела, но во некоја следна прилика официјално ќе ги објавиме конечните термини на одигрување.

Им посакуваме успех на ФК Детонит и ФК Плачковица, се надеваме дека веќе уште утре во попладневните часови ќе не изненадат со позитивен резултат.



 

 




 




Related Articles

Временска прогноза