РЕГИОНАЛЕН НАСТАН ЗА ПРОМОЦИЈА НА РЕГИОНАЛНА ПЛАТФОРМА ЗА МЛАДИНСКИ ПРАШАЊА

Денес беше одржан регионален настан за промоција на регионалната платформа за младински прашања.

Настанот кој се одржа во просториите на Домот на АРМ во Струмица беше организиран во рамките на проектот Младите од руралните средини за интеграција на Македонија во ЕУ. Проектот е финансиран од ЕУ и е спроведуван од ЦНВП Македонија, Мрежата за рурален развој на Македонија, Хрватската мрежа за рурален развој и Мрежата за рурален развој на Србија.

Проектот има за цел да им помогне на младите од руралните средини и нивните граѓански организации од Источниот и Југоисточниот плански регион да бидат активни чинители во процесот на ЕУ интеграција на Македонија. 

Преку спроведените активностите во проектот се укажа на потребата и на придобивките од заедничко, вмрежено делување на граѓанските организации за да може да се постигнат максимални ефекти кон создавање на услови во кои младите ќе можат активно да се вклучат и да придонесат кон успешна интеграција на Македонија во Европската Унија.    

За време на настанот се презентираа некои од активностите во проектот кои ги спроведуваа млади активисти, нивните пораки до разни чинители во општеството како и причините за формирање на регионалната платформа за младински прашања.

На овој денешен регионален настан присуствуваа и дел од учениците од Гимназијата Коста Сусинов од Радовиш. 

 

 

 

 




 




 




Related Articles

Временска прогноза