Риболовниот клуб “Крап“ од Радовиш, го одржа својот Јубилејен „10-ти по ред Општински натпревар“ во Спортски риболов во дисциплината „Пливка“, можеби единствени во Македонија кој од риболовните клубови кои организираат општински натпревари, и веројатно единствен спортски клуб од Радовиш кој приредува еден заеднички натпревар и дружење за своите членови.
На овој натпревар кој се одржа на езерото Мантово учествуваа 32 риболовци од општините Радовиш и Конче.
Прекрасниот ден беше предизвик за секој риболовец кој денес учествуваше на овој натпревар. Најдобро пласиран беше Раде Петрески со улов 1220 гр., второто место го освои Мите Филипов со улов 1160 гр. а трет беше Давор Андонов со улов 1060 гр.
За најдобрите беа обезбедени признанија и награди, а за секој учесник мајичка по повод „Јубилејот 10-години Риболовен клуб Крап“.
Повеќе: ФОТО ГАЛЕРИЈА
Од Сррк Крап-Радовиш, искажуваат огромна благодарност до помагателите.
-Општина Радовиш
-Општина Конче
-Концесионер на езеро Мантово „Риби и Риболовци“ Нов Дојран“
-Продавница за риболовна опрема „Мое милениче“ Радовиш.
-Млекара Ѓоргиеви
-Печатница Soni Press, Радовиш
-Кожувчанка, Кавадарци
-Скара „Беверли хилс“, Радовиш