ВЧЕРА БЕШЕ ОДРЖАНА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „РАСТЕМЕ СО БАЈКИТЕ НА АНДЕРСЕН“

Во рамките на јубилејот „1000 години Радовиш“ и програмата којашто општината ја организира за таа цел вчера, во Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ се одржа манифестацијата „Растеме со бајките на Андерсен“ на која преку работилница, раскажување на бајките од данскиот поет Ханс Кристијан Андерсен и други активности со дечињата од детската градинка и ученици од основното образование во општина Радовиш, беше одбележан меѓународниот ден на книгата за деца.

Покрај прекрасната атмосфера, манифестацијата беше збогатена и со учеството на најголемиот македонски поет за деца, Стојан Тарапуза кој што имаше средба со дечињата и презентација на неговата поезија.

ФОТО ГАЛЕРИЈА 

 


 


 

 




 




 

Related Articles

Временска прогноза