ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ГЕНЕРАЛШТАБОТ И ВООРУЖЕНИТЕ СИЛИ НА САД ГО ПОСЕТИЈА РАДОВИШ

Денес во посета на општина Радовиш беа претставници од Генералштабот на АРСМ, претставници од канцеларијата за соработка во одбраната при амбасадата на САД во нашата држава, и претставници на вооружените сили на САД во Европа.

Целта на посетата беше запознавање на Градоначалникот Герасим Конзулов за претстојната воена вежба под име „Одлучен удар“ која ќе се одржи на воениот полигон Криволак.

Во рамките на посетата беше истакнато задоволството за денешната средба и поддршката од страна на Градоначалникот Конзулов и општината за претстојните активности.

Исто така од страна на претставниците на АРСМ, и претставниците на вооружените сили на САД е договорено претставување на дел од нивната воена опрема и возила во Радовиш во текот на месец Јуни.

 

Кабинет на Градоначалник на општина Радовиш.




 




 





 

Related Articles

Post your comments

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Временска прогноза