ИВИЦА ИЛИЕВ И СЛАВЈАН ПАУНОВ ГИ ПРОДОЛЖИЈА ДОГОВОРИТЕ СО РК РАДОВИШ

Голгетерот во Ракометната лига Ивица Илиев официјално останува член на РК Радовиш и во следната натпреварувачка сезона. Договорот беше потпишан на уште една сезона со што Илиев повторно ќе ја има клучната карика во нашиот тим.

Во улога на организатор и среден бек, Ивица Илиев е моторот на РК Радовиш, а ефикансноста е резултат на тимската игра – истакна во едно интервју Илиев.

Славјан Паунов долгогодишниот наш прв столб на голот исто така го потпиша договорот со РК Радовиш и останува во следната сезона. Препознатлиот „Цаци“ е клучен дел од нашата одбрана со неговото искуство, РК Радовиш во неколку натпревари го менеше резултатот со неговите клучни одбрани.

РК Радовиш во оваа сезона имаше можност да успее и влезе во Плеј-оф завршницата, но во некои клучни натпревари повредите на играчите го направија своето, сепак и финансискиот веќе решен проблем влијаеше во втората полусезона, но тоа е веќе поминато финансискиот проблем е решен исплатени се сите побарувања спрема играчите и другите обврски и останува во наредните денови да се потпишат и договорите со другите играчи кои ќе бидат дел од екипата на РК Радовиш – истакнуваат од управата на РК Радовиш.

 

 

 

 





 


 


 

 



 





About the author /


Related Articles

Временска прогноза