РАДОВИШ И РАДОВИШКО ВЧЕРА БЕШЕ ЗАФАТЕН СО ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ОД ЦИКЛОНОТ „АНДРЕА“

Во текот на вчерашниот ден подрачјето на општина Радовиш беше зафатено од интензивни врнежи од дожд, кои предизвикаа: поплавување, оштетување и наноси на дел од уличната мрежа во градот и дел од населените места.

Во град  Радовиш оштетена е дел од улица Шаин Маале, наносен материјал има претежно на улица Плачковица на потегот од улица Плачковички одреди кон улица 4 Јули.

Во населените места Воиславци,Сулдурци, Калугерица и Јаргулица, од поројните води оштетени се пристапите до станбените објекти.

Градоначалникот на општина Радовиш, г-дин Герасим Конзулов, во текот на денешниот ден, со преставници од стручните служби, изврши увид на подрачјето кое беше зафатено од невремето, врз основа на состојбата на теренот договорени се соодветни оперативни мерки кои се преземени во текот на денот и во следните денови до целосно санирање на последиците од невремето.

  – Општина Радовиш – фотографии од настанатите штети





 


 

 



 





About the author /


Related Articles

Временска прогноза