УАПСЕНИ МИГРАНТИ ОД ЕРИТРЕЈА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ РАДОВИШ-ШТИП

Вчера во 03 часот и 15 минути на регионалниот пат Радовиш – Штип, пред село Лакавица, штипско, полициски службеници запреле патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице од Скопје, а во кое се превезувале тројца мигранти од Еритреја.

Возачот и мигрантите биле приведени во СВР Штип за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 





 


 


 

 



 





Related Articles

Временска прогноза