ФУДБАЛСКИTE КЛУБОВИ ВИКЕНДОТ ЈА ЗАВРШУВААТ СЕЗОНАТА КАКО ДОМАЌИНИ

Нашите фудбалски клубови кои се натпреваруваат во Втората фудбалска лига (Исток) викендот што следува ја завршуваат натпреварувачката сезона како домаќини во последниот натпревар од првенството.

ФК Детонит во петокот на 24 мај, со почеток од 16.30 часот. на Градскиот стадион во Радовиш ќе го одигра натпреварот против екипата на ФК Саса од Македонска Каменица.

ФК Плачковица во истиот термин 16.30 часот во Сабота на 25 мај, ја пречекува екипата на ФК Кожуф од Гевгелија.

Радовишани оваа сезона имаа можност да погледнат прекрасни натпревари од овие два фудбалски клуба, секој викенд Градскиот стадион во Радовиш беше арена каде што се одигруваа натпреварите, останува во овој последен натпревар да бидеме присутни и им ја дадеме поддршката и благодарноста што Радовиш имаше две екипи оваа сезона во втората по ранг лига од системот на натпреварување во Македонија.

ФК Плачковица и ФК Детонит ве покануваат да бидете дел од овие натпревари во петокот и саботата.

 






 


 

 



 





About the author /


Related Articles

Временска прогноза