ПАПАТА ФРАНЦИСК НА МИСА ВО СКОПЈЕ

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск денеска отслужи миса на плоштадот „Македонија” во Скопје на која присуствуваа околу 15.000 граѓани од земајва, како и верници од странство.

Папата упати пораки пораки за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето. Рамнодушноста и клеветите да се заменат со чувствителност и надеж, да се надминат стереотипите и повеќе да се грижиме еден за друг, порача папата Франциск на мисата во Скопје.

Понтифот на Римокатоличката црква, кој престојува во апостолска посета на земјава, на плоштадот дојде со т.н. „папамобил”, каде што беше пречекан од мноштвото собрани граѓани.

Папата претходно имаше средби со државниот врв во „Вила Водно”, а потоа во Спомен куќата на Мајка Тереза се сретна и со лидерите на верските заедници и група граѓани од ранливите категории.

По литургијата папата ќе одржи Екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.

Во продолжение дел од обраќањето од мисата на папата Франциск на плоштадот „Македонија”

„Кој доаѓа при Мене, нема да огладни, и, кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни”, штотуку ни кажа Господ (Ив 6, 35)

Во Евангелието, околу Исус, се концентрира една толпа која сé уште пред очи го имаше умножувањето на лебовите. Еден од тие моменти што остана втиснат во очите и во срцето на првата заедница на ученици. Тоа било за славење… Прослава за откривањето на изобилието и вниманието на Бог кон своите деца, станати браќа во делењето и споделувањето на лебот. Да ја замислиме за момент таа толпа. Нешто се имаше променето. За еден миг, тие жедни и тихи лица кои го следеа Исуса во потрагата за еден збор стануваат во состојба со нивните раце да го допрат и почувствуваат во нивните тела чудото на братството способно да ги наслади и засити.

Господ дојде за да му даде живот на светот и го прави тоа секогаш на начин на кој успева да ги предизвика рестриктивноста на нашите пресметки, просечноста на нашите очекувања и површноста на нашите интелектуализми; ги става на дискусија нашите гледишта и нашите сигурности, канејќи нè да поминеме на еден нов хоризонт што дава место на еден различен начин да се конструира реалноста. Тој е живиот Леб од небото, „кој доаѓа при Мене, нема да огладни, и, кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни”.

 

 

 




 




 




Related Articles

Временска прогноза