„ЕВАКУАЦИЈА И СПАСУВАЊЕ ОД ЗЕМЈОТРЕС И ПОЖАР“-ТППЕ РАДОВИШ СО ТАКТИЧКО-ПОКАЗНА ВЕЖБА

ТППЕ Радовиш во соработка со ОО Црвен Крст Радовиш и Итната медицинска помош при ЈЗУ Здравен дом Радовиш,организираа вежба за евакуција и спасување во ООУ Никола Карев Радовиш.

По веќе утврдено сценарио, беше организирана тактичко-показна вежба за евакуирање и спасување во случај на природни катастрофи-земјотрес и пожар, на сите ученици, наставници и повредените меѓу нив,на кои им беше укажана прва помош од страна на обучени волонтери од Клуб на млади на ОО Црвен Крст Радовиш и санирање на повреди од стручната екипа на Итната медицинска помош.

ТППЕ Радовиш изврши обучување на  вработените  и учениците како да постапат  во случај на вакви вид природни непогоди,при  што се запознаа и со опремата на возилото за вршење на секакви интервенции.

 

 





 






 

 



 





About the author /


Related Articles

Временска прогноза