НАЦИОНАЛНИОТ „КУП ИЛИНДЕН 2019“- ВО НЕДЕЛА НА ЕЗЕРОТО МАНТОВО

Согласно Календарот на МРФ и  Пропозициите за спортско-риболовни натпревари во 2019 година, Државниот „КУП ИЛИНДЕН 2019“ во дисциплина  Пливка, категорија Сениори ќе се оддржи на 09.Јуни.2019 година на езерото Мантово.

Организатор на натпреварот е Македонската Риболовна Федерација, а домаќин е Риболовниот клуб КРАП-Радовиш.

На овој КУП-натпревар ќе учествуваат екипи составени од 3 (три) натпреварувачи и 1 (еден) капитен на екипата. Дозволена е употреба на прибор по слободен избор без ограничување на должина на риболовна трска, и задолжителна риболовна мрежа (чуварка) со прстени – дозволен е улов на сите видови риби без ограничување на големината.

Од Риболовниот клуб КРАП-Радовиш известуваат дека на патеката се активни следните видови на риби: Плашица, Црвеноперка, Карас, Крап  и Костреж и се предвидува доколку дозволат временските услови во недела секој поединец да има најмалку улов од 4-5 кг. Исто така упатуваа покана љубители на риболовот и спортот во недела да присуствуваат и ги погледнат „вештините и мајсториите на спортските риболовци“. Сррк КРАП-Радовиш искажуваат благодарност до МРФ што ги удостои по повод нивното „10-годишно“ постоење како риболовен клуб да еден официјален национален натпревар во спортски риболов биде организиран на езерото Мантово.

Натпреварот ќе се одржи на добро познатата натпреварувачка патека на риболовниот клуб Крап-Радовиш.

Официјален тренинг на патеката е дозволен во (Сабота). Право на тренинг имаат само пријавените натпреварувачи со Спортска легитимација.
Патеката за време на тренингот ќе биде видно обележана по сектори (зони).


ПРОГРАМ – СААТНИЦА :

КУП Илинден    09.Јуни.2019 година( Недела)

до 07.50 часот                 – Пристигање и пријавување на екипите

од 07.50 до 08.30 часот  – Отворање на КУПот и извлекување на редослед и стартни места

од 08.30 до 09.00 часот  – Подготовка за пристап на патеката

во 09.00 часот                  – Пристап на патеката   —————————————–  сигнал  бр.1

во 09.05 часот                  – Најава за проверка на прихрана и мамки  —————  сигнал  бр.2

во 09.10 часот                  – Проверка на прихраната , мамките и приборот  ——-  сигнал  бр.3

во 10.20 часот                  – Почеток на тешка прихрана  ———————————   сигнал  бр.4

во 10.30 часот                  – Почеток на натпреварот   ————————————-   сигнал  бр.5

во 14.25 часот                   – Пет минути до крај на натпреварот   ———————-   сигнал  бр.6

во 14.30 часот                   – Крај на натпреварот   ——————————————-   сигнал  бр.7

 

Организатор на натпреварот: Македонска Риболовна Федерација, домаќин е Риболовниот клуб КРАП-Радовиш.





 






 

 



 





Related Articles

Временска прогноза