„ЈАКНЕЊЕ НА МУЛТИЕТНИЧКА СОРАБОТКА ВО ОПШТИНИТЕ“ -НАСТАН ОД ПРОЕКТОТ

Општинските основни училишта „Крсте П.Мисирков„ „Никола Карев„ од Радовиш и „Орце Николов„ од Ињево на 31 Maj, во Центар за култура Ацо Караманов – Радовиш, пред полна сала ученици и наставници од трите училшта, со богата програма ги преставија своите активности во рамките на Проектот ,,ЈАКНЕЊЕ НА МУЛТИЕТНИЧКА СОРАБОТКА ВО ОПШТИНИТЕ“.

Во име на градоначалникот на општина Радовиш,Герасим Конзулов, присутните ги поздрави советникот за образование Борче Панов, којшто им се заблагодари на ностителите на овие проектни активности, коишто го јакнат заедништвото и другарството помеѓу учениците и создаваат цврста основа за мултиетничка стабилност во општината и републиката.

На завршниот настан од  проектот  ЈАКНЕЊЕ НА МУЛТИЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА ВО ОПШТИНИТЕ   2018/19 год. присуствуваа и преставници од Бирото за развој на образование – Скопје и од   МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование – Скопје, коишто се во партнерски однос во рамките на реализацијата на овој проект. Инаку проектот е финансиски поддржан од страна на детската фондација Песталоци од Троген Швајцарија.

 

 





 






 

 



 





About the author /


Related Articles

Временска прогноза