ЗАВРШНА ПРИРЕДБА НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „АЦО КАРАМАНОВ“

Во петокот во спортската сала „25 Мај“ се одржа завршната приредба на детската градинка „Ацо Караманов“ од Радовиш.

Приредбата која беше под мотото „ЗАЕДНО РАСТЕМЕ И ДРУГАРУВАМЕ“ беше празник за очи и душа. И покрај лошите временски услови, сепак дечињата со нивните воспитувачки и негувателки под раководство на директорката Љупка Тренчева приредија вистински настан за паметење. Спортската сала беше исполнета до последното место, и сите имаа можност да уживаат во кореографијата и прекрасните костуми на сите дечиња кои учествуваа.

 

 





 






 

 



 





About the author /


Related Articles

Временска прогноза