Невремето што ја зафати општина Радовиш во втората половина на месец мај, предизвика оштетување на дел од уличната мрежа во населените места: Воиславци, Сулдурци и Калуѓерица.
Општина Радовиш, согласно своите овластувања спроведе оперативни активности за санација на штети,во урбаната средина и дел од полските патишта.
Паралелно со изведувањето на градежни работи, врз основа на поднесени пријави за претрпени штети, теренски активности спроведе и Комисијата за елементарни непогоди – истакнуваат од Општина Радовиш.