ОДРЖАН „СПОРТСКИ ХЕПЕНИНГ“ ВО ПОДАРЕШ – НЕОБИЧЕН И ИНТЕРЕСЕН НАСТАН

Последнито ден од оваа учебна година во ООУ„Коста Рацин“ Подареш се реализираше необично убав и интересен настан, „Спортски хепенинг“, под раководство на  значајни личности – врвни спортисти, кои имаат потекло од Подареш, а се светски познати и признати.

 Димитар Ѓорѓиев повеќекратен Светски шампион во кикбокс, Европски шампион како и актуелен Државен шампион.

Стојан Хаџи Ефтимов- двократен Државен шампион во планински велосипедизам, планински водич, се занимава со спортско качување по карпи и други спортски активности.

Сунај Мифтар, Мартин Андоновски и Дамјан Павловски, исто така кикбоксери.

Целиот настан се организира под иницијатива и организација на Благој Марковски и Надица Марковска. Во текот на денот, на општо задоволство на сите присутни, беа предвидени и реализирани многу интересни активности.

 







 






 

 



 





About the author /


Related Articles

Временска прогноза