РАДОВИШ: ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ

Деновиве активно се работи на неколку градежни активности на повеќе локации низ централното градско подрачје во Радовиш – поставеи беа бехатонски елементи на тротоарите на левата страна на кеј „8 Септември“ во V месна заедница.

Се работи на изработка на 3 (три) испусти на реката на десната страна на кеј „8 Септември“ со што конечно ќе се реши одводнувањето на атмосферските води на кејот и на дел од централното градско подрачје.

Исто така се работи на изработка на опшивки-рамки на стеблата во централното градско подрачје, оштетени како резултат на подиграње на подлогата од корењата на стеблата.

Од општина Радовиш информираат дека ќе се продолжи со изработка на бехатонски подлоги на ул. „Партизанска“ од Стопанска банка до кеј „8 Септември“-десната страна и понатаму на други површини кои се опфатени со програмата.
















Related Articles

Временска прогноза