ВРВОТ ЛИСЕЦ НА ПЛАНИНАРСКА ТРАНСВЕРЗАЛА ВО БРЕГАЛНИЧКИОТ РЕГИОН

Планинарскиот спортски клуб „Голак“ од Делчево е првиот планинарски клуб од брегалничкиот регион, кој преку проект наскоро ќе ја постави првата планинарска трансверзала во регионот.

Како што информира претседателот на ПСК „Голак“, Љупчо Чучуковски, трансверзалата ќе биде во вкупна должина од 60 километри.

– Патеката ќе биде маркирана по Књефелцовата маркација и ќе бидат поставени планинарски патокази како и информативни табли со сите потребни податоци. Трансверзалата е предвидена да поминува низ планините Голак и Плачковица, односно низ општините Делчево, Виница и Радовиш. Таа ќе опфати пет врва над 1.500 метри надморска висина и повеќе извори на природна вода, неколку манастири и цркви, културно-историски споменици, како и неколку населени места. Највисоката точка на оваа трансверзала е на врвот Лисец на 1.754 метри надморска висина, а најниската на река Осојница, на 460 метри надморска висина, соопшти Чучуковски.

Тој додава дека почетна точка на трансверзалата ќе биде во центарот на Делчево на 594 метри надморска висина со крајна точка во селото Градец на 550 метри надморска висина, над самиот град Виница.

Според делчевскиот планинар станува збор за една од најважните трансверзали во Брегалничкиот регион која ќе биде надоврзана со планинарски патеки кои ќе водат кон Осоговските Планини, Малешевските Планини, Влаина, Готен, Огражден, Средна, Обозна и други планини.

 






 






 

 



 




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза