ЗАПОЧНУВА ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ „ТОПОЛНИЦА 2019“

Во повеќенаменскиот спортски терен од вечерва 27.07.2019 година започнува традиционалниот турнир во мал фудбал „Тополница 2019“.

Овој турнир кој секоја година се организира по повод Курбан бајрам, како организатор се јавува ФК Бунарџик од с. Бучим и ФК Картал од с. Тополница, е со награден фонд од 120.000 денари. Генерален покровител е општина Радовиш.

За овогодишниот турнир има пријавено 12 екипа каде што по вчерашното ждребување беа поделени во две квалификациски групи, кои ќе ги играт натпреварите се до 10 август кога е закажано и големото финале.


Група А
1. Боко Транс Штип
2. Парналија
3. Атеш Оглу
4. Конче Бирлик
5. Он-Бак Неготино
6. Леоник Калузлија

Група Б
1. Бунарџик Бучим
2. Леоник Ораовица
3. Сирач
4. Тополница
5. Бучим
6. Авто Л. Борче


Од организаторот упатуваат покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на овие натпревари започнувајаки од вечерва во 20.00 часот со свеченото отварање на турнирот по што следуваат три возбудливи натпревари.

 

Повеќе информации и секојдневните распореди и резултати може да проследите на ФБ страницата на турнирот Тополница 2019

 


 







 






 

 



 




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза