На општина Конче се испорачани двата нови минибуси, преку проектот „Превоз за секое дете“ кои ќе им овозможат безбеден превоз во најдобри и најсовремени услови сите ученици кои секој патуваат секојдневно од подрачните села до централното основно училиште „Гоце Делчев“ во Конче.
Продолжуваме да вложуваме во нашата иднина, а тоа се децата и младите на кои мора да им ги обезбедиме најдобрите услови како во школувањето така и во спортот и во културата – истакна Градоначалникот Илиев.
Со заштедите што ќе се направат, од средствата за училишниот превоз, ќе бидат исплатени минибуса кои се ,,Фиат Дукато’’ , и се планира да останат во трајна сопственост на ЈП „Лакавица“. Исто така е предвидено овие возила кои ќе се во сопственост на општината да имат мултифункционална намена, за користење при други културни и спортски манифестации, настани и превоз за било какви патувања.