КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЛИЦЕ ОД С.БУЧИМ ЗА НЕОВЛАСТЕНО ПРОИЗВОДСТВО И ПУШТАЊЕ ВО ПРОМЕТ НАРКОТИЧНИ ДРОГИ, ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИ И ПРЕКУРСОРИ

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Е.С. (30) од село Бучим, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

 

На 20 март пред казино во Штип, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „Фолксваген Голф“, управувано од И.В., а кај И.Ѓ., кој бил сопатник во возилото, биле пронајдени и одземени марихуана, која претходно ја набавил од пријавениот.

 

МВР Билтен


 






 






 

 



 




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза