МВР СО ДЕТАЛИ ЗА СООБРАЌАЈКАТА КАЈ ЛАКАВИЦА

Вчера во 14 часот и 35 минути било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Радовиш, кај село Лакавица се случила сообраќајна незгода во која беа повредени четири лица кои биле пренесени во болница.

Имено несреќата се случила помеѓу товарно моторно возило влекач со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(37) од Велес, и патничко моторно возило „Голф“ со радовишки регистарски ознаки управувано од Ж.К.(46) од село Ињево-Радовиш.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатниците од возило “Голф“ С.К.(19), Ј.К.(41) и биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

 

 


 







 






 

 



 




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза