Црвен крст на Република Македонија Опптинска организација Радовиш втор пат беше организатор на летен-забавно едукативен камп на тема: „Сексуално преносливи инфекции, кампот беше оганизиран на манастирскиот комплекс св.Ѓеорги во с.Ораовица во деновите 23,24 и 25 Јули.
На кампот покрај Волонтери од Клубот на млади при ООЦК Радовиш, земаа учество и волонтери од Општинските организации на Црвен крст Кочани, Пробиштип, Св.Николе, Битола, Неготино, Штип, Велес и Куманово.
Предавањата беа во соработка со ЈЗУ Здравен дом Радовиш и од страна на врснички едукатори обучени за истата тема.