СООБРАЌАЈКА КАЈ ЛАКАВИЦА, ПОВРЕДЕНИ ЛИЦА ОД ИЊЕВО

Во тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш кај селото Лакавица, која се случила вчера повредени се четири лица.

Според портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова несреќата се случила во 14:47 часот меѓу товарно моторно возило со скопски регистерски таблички управувано од 37 годишен жител од Велес и автомобил марка „ голф“ со радовишки регистарски ознаки управуван од 46 годишниот годишен од село Ињево, радовишко.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачите на камионот и автомобилот, како и сопатниците во него 41 годишната Ј.К. и 19 годишната С.К. од радовишкото село Ињево Увидот е во тек, вели Панајотова.

Таа додава дека повредените се пренесени во Клиничката болница Штип. Сообраќајот во двата правци бил во прекин, но се пропуштале само автобилили наизменично, бидејќи имало отстранување на камионот од коловозот.

 


 







 






 

 



 




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза