ФК Плачковица денес ќе го одигра третиот контролен натпревар во овој подготвителен период против екипата на ФК Силекс од Кратово.
Терминот за одигрување е 17.30 часот на Градскиот стадион во Радовиш.
За нашите фудбалери и стручниот штаб денес овој натпревар ќе биде еден одличен момент да се види состојбата и формата на нашата екипа против еден ФК Силекс,
Инаку на ФК Плачковица овој е трет пријателски-контролен натпревар, првиот сепак закажан со екипата на ФК Кит-Го беше одложен, нашите фудбалери одиграа во Скопје со ФК Кадино каде што остварија позитивен резултат победувајки со 2:1 полувреме 0:0. Головите за нашата екипа ги постигнаа Драги Коцев и Андреј Кудијан.
Вториот натпревар беше одигран во Кочани со новиот второлигаш ФК Осогово каде што ФК Плачковица може да жали за големиот број на пропуштени шанси, посебно за онаа на Андреј Кудијан во 35 минута кога не реализираше на празен гол од десетина метри. Во вториот дел шанса добија сите играчи кои беа на клупа, но и покрај направените замени ФК Плачковица продолжи со доминација и шанси за гол. За на крај резултатот да остане оној најнепопуларен 0:0.
ФК Плачковица за следната натпреварувачка сезона донесе голем број на нови играчи, како наши повратници кои потекнуваат од нашиот тим, така и засилувања кои се надеваме достојно и гордо ке ги бранат боите на нашата ФК Плачковица.