Фудбалскиот клуб Раклиш која од оваа сезона ќе се натпреварува во Третата фудбалска лига (Југоисток), е вториот клуб од нашата општина кој ќе не претставува во овој ранг на натпреварување.
ФК Раклиш две години по ред е шампион од општинската фудбалска лига, но оваа година им се даде шанса и поддршка да бидат уште едни фудбалски промотори и спортски клуб на нашата општина, со големи амбиции и желби за пласман на горниот дел од табелата.
Од управата најавуваат почеток на подготовките во текот на овие денови, каде што ќе ни го претстават и тимот кој ќе ги брани боите на ФК Раклиш. Претседателот Станој Стојанов истакна дека ФК Раклиш како нов возобновен клуб од 2015 година добро напредуваше овие години, и голема е вербата во клубот и играчите за што поуспешно и достојно претставување во третата фудбалска лига оваа сезона.
Тој истакна дека за почеток подготовките ќе се одвиваат на својот терен во Раклиш, а првенствените натпревари ќе ги одигруваат на Градскиот стадион во Радовиш.
Да им посакаме успешни подготовки и добар старт на новите претставници во фудбалкото првенство на нашата држава.