СО ЗЕЛЕНАТА НАФТА ТРЕБА ДА БИДАТ ОПФАТЕНИ 55.000 ЗЕМЈОДЕЛЦИ

Започна мерката за зелена нафта, со која се опфаќаат 55.000 земјоделци. Најголемиот трошок во земјоделството отпаѓа на нафтата, па затоа се воведува мерката за зелена нафта, која предвидува државата да покрива 30% од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација. 

Во битолското село Кравари беа доделени првите персонализирани платежни картички за набавка исклучиво на горивото „евродизел“ за земјоделска механизација.

Со ова,  државата ќе треба да субвенционира 30 проценти од трошокот за гориво, со цел да се поттикнат и да им се помогне на земјоделските производители да го окрупнат своето производство.

За мерката од програмата за директни плаќања обезбедени се 200 милиони денари. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци, кои имаат градинарски и полјоделски култури, лозови и овошни насади.

„Земјоделците повеќе од 10 години ја истакнуваа потребата од зелена или поевтина нафта. Сега постои тенденција за зголемување на процентот на субвенционирање од сегашните 30 проценти до 50 проценти од малопродажната цена на горивото“,

 

 


 







 






 

 



 




 

Related Articles

Временска прогноза