ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ НА РАБОТНА СРЕДБА ВО РАДОВИШ

Во работна посета на општина Радовиш вчера беше Директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти Шпенди Хајредин и Ѓорги Тасев- посебен советник за млади и спорт во Владата.

На средбата се разговараше за спроведување на одлуката на Владата, спортските објекти во општините да бидат префрлени под јурисдикција на самите општини.

Сето ова е во насок на подобрување на функционирањето на спортските објекти, со оваа одлука ќе се реши и долгогодишниот нерешен статус на спортската сала „25 мај“ во нашиот град, каде што спортските клубови и рекреативци ќе имат подобри услови за спортување и одржување на своите тренинзи.

Извор: Општина Радовиш








 






 

 



 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза