ОДРЖАН ТРАДИЦИОНАЛНИОТ-МЕМОРИЈАЛЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ НА ПЛАНИНАТА ПЛАЧКОВИЦА

Планинарскиот клуб Бел Камен и оваа година по 13-ти пат го организираше Меморијалниот Марш ,,Спасов Костаке – Цоцо – 2019” во спомен секавање на Спасов Костаке. Исто така и од оваа ПК Бел Камен маршот го посветија и на нивниот голем пријател и поддржувач Маестро Драгомир Шоиќ, кој за жал почина пред една година.

На Меморијалниот марш кој се одржи на 17 и 18 август, учествуваа голем број на планинари, рекреативци и граѓани од Македонија и странство, а се одвиваше според следната програма- тргнување од пред планинарски дом Џумајадо месноста викана Добра – Јаскан – Лумијска река – Едендере – Планинарски дом Џумаја. Самата патека беше долга околу 17 километри, во времетраење од околу 6 часа. Патеката беше лесна низ ливади, потоци и реки, и е погодна за сите возрасни планинари. За оние кои сакаа да се искачат на Лисец и Бел Камен, беа организирани посебни водичи.

По пристигнувањето на сите учесници и гости беше организиран заеднички ручек. 









 






 

 



 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза