РАДОВИШ ГО СЛАВИ ДЕНОТ НА ПАТРОНОТ И ЗАШТИТНИК НА ГРАДОТ – СВ. СПАСО РАДОВИШКИ

Градот Радовиш го слави денот на патронот и заштитникот на градот Св. Спасо Радовиш, Програмата за чествувањето на празникот Св. Спасо Радовишки се одвиваше во изминатите два дена, а завршува вечерва со фестивалот „Саноќ Седам“.

Вчера се одржа “Вечерна богослужба” во Храмот Св. Тројца, потоа од Храмот Св. Тројца се продолжи со “Литија” низ градот до Плоштадот Св. Спасо Радовишки, каде пред параклисот на Св. Спасо Радовишки се одржа “Моледбен”. Потоа беше одржана “Духовната академија” пред Храмот Св. Тројца во Радовиш, на која присуствуваа голем број на гости.

Денес програмата започнува со Света литургија во Храмот Св. Троца, додека вечерва од 19.30 часот ќе се отвори ликовната изложба од меѓународна радовишка ликовна колонија „Св.Георгија 2019“. за на крај на плоштадот од 20:30 часот се одржи Фестивалот на староградски песни „Саноќ Седам“

Од организаторот упатуваат покана до сите граѓани заедно да го одбележиме чествувањето на патронот и заштитник на градот Радовиш „Св. Спасо Радовишки“.

 








 






 

 



 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза