На Градскиот стадион во Радовиш, ФК Плачковица вчера го одигра својот трет контролен натпревар од подготвителниот период пред почетокот на натпреварувачката сезона.
Во Радовиш гостуваше ФК Силекс од Кратово каде што гостинот забележа победа со резултат 1-5, полувреме 0-2.
Во овој натпревар тренерот Диме Тодоровски имаше можност да воигра стратегиите против посилен противник од нашата Плачковица. Може да жалиме што нашите фудбалери не успеаа да искористат неколку шанси за постигнување на погодоци, сепак поискусниот ФК Силекс мудро ги искористи нашите грешки со што постигна пет погодоци.