Од ЈП Плаваја известуваат дека вчера е спроведена „Еко акција“ за собирање на смет од подрачјето на планината Плачковица долж асфалтниот пат од викендиците, како и на други локации како што се Мото клуб „Џинка“, Планинарски дом „Бел Камен“, шумската кукичка.
Исто така истакнаа благодарност до сите сопственици на викендици кој го испочитува претходното нивно известување и комуналниот одпад го имаа соодветно складирано и оставено на место достапно за специјалното возило, благодарност и до сите други граѓански организации, друштва и други физички лица кој со своето самоиницијативно организирање се одзваа на нивниот повик и се приклучија на оваа акција за зачувување на животната средина и со своето присуство придонесоа оваа акција да биде уште поуспешна.
Се надеваме дека сликата што ја оставивме ке се задржи подолго време, а во наредниот период на организираните еко акции ке имаме уште помасовно присуство – информират од ЈП Плаваја.