ЗАПОЧНА ОРГАНИЗИРАНОТО СОБИРАЊЕ НА СМЕТ ВО СЕЛО ИЊЕВО ОД СТРАНА НА ЈП „ПЛАВАЈА“

Се спроведува одлуката на советот за организирано собирање на смет од  населените места. 

Од вчера, Јавното комунално претпријатие „Плаваја“  врши организирано собирање и депонирање на комуналниот отпад од село Ињево. Вклучувањето на руралните средини во редовните активности на ЈП Плаваја следува по одлуката на општинскиот Совет за организирано собирање на смет од населените места. 

Проектот стартуваше со поставување на контењери на повеќе локации и спроведување на еко-акција за расчистување на неколку диви депонии од атарот на селото. Еко-акцијата се спроведе во соработа со месната заедница на селото со цел да се подигне еколошката свест кај населението.

„ Врз основа на донесената одлука на Советото на општината, јавното препријатие Плаваја започнува со собирање на смет од селото Ињево. Според донесената одлука, смет ќе се собира од сите населени места, а пилот проектот стартува од с. Ињево со 10 контењери распоредени на повеќе локации во селото.

 Ова акција денес ја преземам за подигање на еколошката свеста кај граѓаните, заедно со јавното комунално претпријатие и месната заедница од селото. Планирано е  да организираме вакви еколошки акции и во останатите населени места во општината, затоа апелирам до сите месни заедници да се пријават, а јас како градоначалник заедно со Советот ќе се потрудиме успешно да ги спроведем.“- изјави градоначалникот Герасим Конзулов.

Претседателот на Советот на општината, Коле Чаракчиев истакна дека Советот едногласно ја донесе одлука за организирано собирање на смет од населените места и очекува државата во краток рок да ја реализира својата обврска да направи регионални депонии со што ќе се реши постојниот еколошки проблем. 

„Ние како совет донесовме одлука за собирање на смет од сите населени места, и ете денес започнувае со спроведување на оваа одлука заедно со месното население и комуналното претпријатие. Ние сме спремни да донесеме и дополнителни мерки и финансиска поддршка за јавното препријатие да може оваа акција да се реализира во сите рурални населени места.  За прв пат по можеби пеесет години се реализира ваков проект и ние ќе дадеме поттик на граѓаните за решавање на пробелмите со дивите депонии.“- вели Чаракчиев.

Член на советото на месната заедница на с. Ињево  Ванчо Стојанов се осврна на пробелмот со дивите депонии во селото и потребата од подигање на света кај локалното население:

Нашата цел беше да се организираме во местната заедница и да отпочнеме акција за собирање на смет, како и во другите места и ние имаме многу диви депонии. Самите граѓани вршат притисок и бараат заедно со локалната самоуправа да се реши проблемот со сметот.  Се лоцираа неколку диви депонии кои денес ќе бидат исчистени и ќе бидат поставени контењери на најфреквентните места во селото. “ 

Извор: Општина Радовиш







 






 

 



 




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза