МАЛОЛЕТНИК СО МОТОРЦИКЛ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ РАДОВИШ-СТРУМИЦА

Малолетник е тешко повреден откако со мотор излетал од пат во Струмица.

МВР информира дека во 22 часот и 40 минути, вчера во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Радовиш 17 годишен малолетник управувајќи моторцикл “Сузуки’’ без регистарски ознаки изгубил контрола и излетал од коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош.

Со телесни повреди се здобил сопатникот З.С.(18) од селото Баница.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица.


 







 






 

 



 




 

Related Articles

Временска прогноза