СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ЗА НАБАВКА НА НОВО ИЛИ СТАРО ЕКОЛОШКО ВОЗИЛО СО ЕУРО 5 СТАНДАРД

Во една телевизиска изјава, министерот за економија Бектеши рече дека сите кои што имаат возила ЕУРО 2 и 3, ќе ја имаат шансата да се откажат од тие возила и да си купат нови или возила на старо со ЕУРО 5 стандард, а за тоа ќе добијат финансиска поддршка од државата.

Според мерката граѓаните кои би го оставиле старото возило и би го исклучиле од употреба, би добиле субвенција од 3000 евра за набавка на ново или возило на старо кое ги исполнува еколошките стандарди.

Ваквата мерка е поздравена од граѓаните, кои ќе можат да го обноват возниот парк, а со ова би помогнале и во заштита на екологијата. Мерката треба да придонесе за подобрување на амбиенталниот воздух и да ја зголеми побарувачката на нови, наместо стари и користени возила.

Неофицијално се размислува и за субвенционирање на граѓаните кои наместо бензин ќе користат плин.

 


 







 






 

 



 




 

Related Articles

Временска прогноза