ПОЖАРОТ НА ГОТЕН ВЕЌЕ ТРЕТ ДЕН, НА ОГРОМНА ПОВРШИНА ОД НИСКО СТЕБЛЕСТА ШУМА

Според проценки добиени од ТППЕ Радовиш, опожарени се големи површини од преку 700 ха. во месноста на планина Готен,меѓу населените места Покрајчево и Злеово. шумска маса и ниско стеблести растенија, денес се интервенира со 44 луѓе, но сеуште не е локализиран. Се претпоставува дека за овој пожар  причинител е човечки фактор.

Пожарот е од поголем обем и со него се справува едницата на ТППЕ Радовиш и екипа на ЈП ,,Национални Шуми” подружница Плачковица до целосно ставање под контрола.


Дел од подрачјето на општина Радовиш, се соочува со зачестена појава на шумски пожари и пожари на отворен простор. Како причинители се сметаат високите температури на воздухот и сушниот период, но и невнимателноста на граѓаните и намерно подметнување.

Од ТППЕ Радовиш  упатуваа апел до сите граѓани, за поголема внимателност и совесно однесување и почитување на забраната за движење во шуми и шумски предели како и дадените препораки да не се палат стрништа и оган близу шумски површини.






 






 

 



 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза