АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО ПРЕПРЕКА НА ПАТ НА КОЈ СЕ ИЗВЕДУВАЛЕ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ

Три лица се здобиле со повреди при сообраќајна несреќа во Радовиш, информира МВР.

Вчера во 19:20 часот на магистралниот пат Радовиш-Струмица кај клучка Струмица 78-годишно лице од Радовиш управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки удрил во препрека на пат каде се изведувале градежни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката 79 годишно лице, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште една сопатничка 75 годишно лице,  по што биле пренесени во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш – информираат од МВР.

 

 




 






 

 




 





 

About the author /


Related Articles

Post your comments

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Временска прогноза