ДИСЕМИНЦИСКА СЕСИЈА ЗА НАЈМАЛИТЕ УЧЕНИЦИ

Вчера во ООУ„Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш се одржа дисеминциска сесија.

Сесијата беше прилагодена за дечиња од 6-7 години, кои преку игра, разговор и дискусија, боење на амблемот се запознаа со организацијата и работата на Црвениот крст, како и развивање на чувства за емпатија, солидарност и помагање на другите.

„Ние како Црвен крст имаме должност нашите најмали членови на општеството уште од мали нозе да ги учиме на хуманост и солидарност со другите, како единствени предуслови за градење на здраво и хумано општество“ – истакнуваат од ОО Црвен крст Радовиш

Дисеминациската сесија беше спроведена од страна на обучен ПХВ дисеминатор Новка Велева.

 

 

 



 







 






 

 



 




About the author /


Related Articles

Временска прогноза