На спортските терени во ООУ „Никола Карев“ беше спроведен проектот „Биди Активен-Пријателски натпревар“ кој е дел од Европската недела на спортот која ја одбележуваат 42 земји во Европа со учество на повеќе од 13 милиони учесници.
Заедно со Професорите по физичко воспитување и одделенска настава, дечињата преку неколку спортски дисциплини и игри, покажаа дека најважно од се е да се биде активен и да се води здрав живот.
Овој проект се реализира под мотото „Биди Активен“, во соработка со Агенцијата за млади и спорт.