ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛЕН ПАТ КОН МЕСНОСТА „ДОБРА“ НА ПЛАНИНАТА ПЛАЧКОВИЦА И УЛИЦА ВО СЕЛО ИЊЕВО
Градоначалникот Конзулов потпиша решение со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) со која се обезбедува нова инвестиција во општинската патна инфраструктура.
Станува збор за изградба на еден локален патен правец на пл. Плачковица (од хотелот Бел Камен до месноста Добра) со вредност од 20 милиони денари и и изградба на улица бр. 9.2 во селото Ињево со вкупна вредност од 13.400.000 денари.
Информираат од Општина Радовиш