Во организација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и Здружението на пензионерите од Радовиш и Конче, вчера во Радовиш се одржаа „24-те Републички пензионерски спортски натпревари“.
846 пензионери присуствуваа вчера во Радовиш, додека учество зедоа 504 натпреварувачи во 11 дисциплини од 46 здруженија на пензионерски членови на Сојузот на пензионери на Македонија.
Како дел од гостите на овие натпревари беа Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, Градоначалникот Герасим Конзулов, Претседателот на СЗПМ Станка Трајкова, Градоначалникот на Конче Благој Илиев и Претседателот на Комисијата за спорт и рекреација при СЗПМ Здравко Петковски, каде што имаа и поздравни обраќања на отварањето.
Извор: Општина Радовиш