РК Радовиш не успеа да се врати со трите бода од Скопје, во еден драматичен натпревар со една судиска наклонетост на крајот кон домаќините нашите ракометари треба да жалат што не успеаа да ги освојат трите бода против фаворизираниот РК Бутел.
РК Радовиш имаше три гола предност на полувреме, но натпреварот се одвиваше според следниот редослед со минимално водство во првото полувреме за нашите ракометари за на полувреме да се отиде со резултат (15-18). Во вториот дел од натпреварот скоро до крајот резултатот беше изедначен.
Мојсоски постигна 8гола, Мајиќ 6, кај Бутел, а кај РК Радовиш Илиев имаше 9 погодока.
Резултати:
Металург 2 – Тинекс Пролет 32:33 (12:13)
Металург – Вардар Јуниор 41:17 (19:9)
Бутел – Радовиш 29:28 (15:18)
Охрид – Работнички 34:22 (18:10)
Струга – Пелистер 24:26 (11:12)