РК РАДОВИШ, НЕ УСПЕА ВО ОХРИД, КАДЕТИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ РК ВАРДАР ОД НЕГОТИНО

Ракометарите на РК Радовиш вчера го одигра својот првенствен натпревар од Супер ракометната лига против екипата на ГРК Охрид во Охрид.

Овој натпревар за нашите ракометари беше од големо значање но сепак не успеаа во последните четири минути каде што судиите во клучните напади на двете страни имаа неколку поклонети топки за Охрид.

РК Радовиш го даде максимумот и одигра онака како што требаше.

Натпреварот започна динамично со водство на нашите ракометри се до средината на првото полувреме каде што домаќините изедначија, така и продолжи целото прво полувреме гол за гол завршувајки со резултат 13-13

Второто полувреме, продолжи со иста динамика со изедначен резултат се до крајот каде што се случија неколку судиски грешки и им дозволија на домаќините да реалзиираат неколку голови.

За РК Радовиш седум погодоци постигна Филип Николов, шест Ивица Илиев.


ГРК ОХРИД – РК РАДОВИШ 29-25 (13-13) 

Сала: СРЦ Билјанини Извори во Охрид. Гледачи: 300. Судии: Методија Илиевски и Михајло Илиевски. Делегат: Славчо Каланоски.

ОХРИД: Брауновиќ, Андоновски 5, Кривокапиќ 1, Блажески 7, Костов, Гошевски, Цителишвили 4, Соколов, Тасески 4, Манасков 2, Ивановски, Ристески, Димитриески, Атанасовски, Тот 6, Даниловски.

Седмерци: 3/4 Исклучувања: /

РАДОВИШ: Пунов, Димов, Јовнов, Ѓоргиевски, Долдуров 1, Фенов, Ѓoрѓиев, Органџиев 2, Николов 7, Ристов 1, Тушев, Илиев 6, Трајанов 2, Везенковски 6.

Седмерци: 4/6 Исклучувања: 14 мин.


Во петокот младите ракометари, кадетите на РК Радовиш го одиграа својот прв првенствен натпревар против екипата на РК Вардар од Неготино и забележаа убедлива победа со резултат 34-27, полувреме 16-13

 

 

 




 






 

 




 





 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза