ТРЕТО МЕСТО ЗА ЕКИПАТА ОД РАДОВИШ ВО ДЕЛОТ НА ДИСЕМИНАЦИЈА ОД „ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ВО ПРВА ПОМОШ 2019“

Викендов што помина во организација на Црвен крст на Република Македонија, во Битола се оддржа 28 Државен натпревар по прва помош со мотото “Прва помош на маргинализирани групи”.
Екипата што ја претставуваше Црвен крст на Македонија Општинска организација Радовиш го освои 12 место, а во делот на дисеминацијата 3 место.

На натпреварот учевство зедоа 28 младински екипи од исто толку општински организации на Црвен крст од Македонија. Тие се натпреваруваа во укажување на прва помош на симулирани случаи на повреди.

Натпреварот беше организиран на две траектории со 7 пункта. Четири за укажување на прва помош, два пункта од забавен карактер и еден пункт за дисеминација.

 

 






 

 




 

 





 



About the author /


Related Articles

Временска прогноза