ШЕСТ ПОГОДОЦИ ЗА ФК ДЕТОНИТ И ПРВА ПОБЕДА ВО ПРВЕНСТВОТО

ФК Детонит денес го одигра првиот првенствен натпревар на Градскиот стадион во Радовиш со екипата на ФК Спартмани.

Детонитци со шест погодоци во голот на противникот денес демонстрираа одлична игра и добра поставеност на теренот, со што оваа сезона од Третата фудбалска лига ќе претставуваат еден од тимовите кој ќе претендира за висок пласман на табелата.

Гол шоуто започна во 29 минута со погодокот на Горан Стојанов, Зоран Спасов беше двоен стрелец во 37 и 46 минута, Мартин Ристов постигна погодок при крајот на првото полувреме во 44 минута, а како стрелци се запишаа и Костатин Митров во 67 минута, и Горан Коцевски во 76 минута.

ФК ДЕТОНИТ – ФК СПАРТМАНИ 6-0 (3-0)

Следното коло ФК Детонит го игра на гости во Виница кај домашната ФК Слога.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

 






 

 




 

 





 



Related Articles

Временска прогноза