Радовишки марифети: Традиционален АЈВЕР

Радовишки АЈВЕР – есенски мирис во воздухот

Ајверот е еден од традиционалните Радовишки специјалитети, највкусен македонски специјалитет и главен дел од зимницата, а за негова подготовка потребно е доста напорна работа. Во Радовиш и Македонија најголем број домаќинства го подготвуваат во домашни услови по традиционален рецепт.

Подготовката на ајверот е кон крајот на летото и почетокот на есента, кога има изобилство на црвени чушки кои се главна состојка на ајверот.

Одберете убави црвени чушки со рамни површини кои се поедноставни за печење, а исто имаат и подебели ѕидови со што по лупењето ќе има поголема количина за ајвер. 

Потребни состојки

  • 25-30 kg. Црвени чушки
  • 10 Патлиџани модри
  • 2-3 lit. Зејтин
  • 100 гр. Шекер
  • 50 ml. Вински отцет
  • Сол по вкус, (по желба додаваме ако сакаме моркови, лук, лути чушки, бибер и др…)

Традиционална подготовка

  • Чушките и патлиџаните се мијат и сушат. Потоа се печат од сите страни.
  • Печени се кога ќе потемнат и кога лушпата ќе почне да се одвојува.
  • Се ставаат во најлонска кеса да отстојат.
  • Лупејки се вадат семките и се исцедуват, потоа се мелат
  • Измелени се ставаат во тенџере заедно половина од зејтинот, и се додава сол по желба и вкус.
  • На нормална температура се прже 2-3 саата со постојано мешање.
  • На еден час од пржењето го ставаме и останатиот дел од зејтинот и по вкус додаваме дополнителни зачини и сол.
  • Течноста кога ќе испари и при мешањето ќе се познава цврста смеса тогаш ајверот е готов.

Знак дека ајверот е готов е кога ќе забележеме дека зад бркалката со која мешааме можеме да го видиме дното на тенџерето.

  • Го полниме теглите, кои претходно треба да се измијат и загреат околу огинот.
  • Наполнените тегли или ги оставаме до огинот или ги ставаме во рерна да се запече површинскиот слој.
  • По малку зејтин на веке запечениот слој додаваме на крајот.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза