ПРОДОЛЖУВААТ ПРВЕНСТВЕНИТЕ НАТПРЕВАРИ НА НАШИТЕ СПОРТСКИ КЛУБОВИ

Нашите спортски клубови започнуваат вечерва со првенствените натпревари.

Кадетите на РК Радовиш, вечерва со почеток од 20.00 часот на домашен терен ќе го одиграт првото коло од нивното првенство, ни доаѓа екипата на РК Вардар од Неготино.

Сениорската екипа на РК Радовиш утре во сабота гостува во Охрид на истоимената екипа во 4-то коло од Супер ракометната лига на Македонија.

Овој натпревар за нашите ракометари ќе биде од големо значање, со можност за едно пријатно изненадување и освојување на трите посакувани бода, кои можат да бидат итекако потребни за разврската во пролеттната Плеј-оф завршница. РК Радовиш заедо со РК Охрид а табелата имаат по 6 бодови и го делат 4 одностно 5 место.

Од РК Радовиш, најавуваат одличен натпревар каде што ќе го дадат максимумот за остварување на посакуваниот резултат и победа кај должниците од минатата сезона РК Охрид.

Во салата „Билјанини извори“ од 19:00 часот, е закажан натпреварот а сите љубители на спортот и ракометот можат да го проследат на LIVE Stream каналот на Ракометната федерација во живо.

LIVE Stream    РК ОХРИД – РК РАДОВИШ


Спортската сабота утре ќе биде интересна и за второлигашкиот фудбал, нашата ФК Плачковица гостува во Гевгелија кај ФК Кожуф во натпреварот од шестото коло во Втората фудбалска лига (Исток).

Терминот на одигрување на овој натпревар е 15.00 часот.


Натпреварите од Третата лига (Југоисток) се игра во недела, термините на одигрување на натпреварите се закажани во 15.00 часот, од третото коло во оваа натпреварување.

ФК Раклиш на домашен терен ја пречекува екипата на ФК Овче Поле од Свети Николе, на градскиот стадион во Радовиш. Додека ФК Детонит гостува во Виница кај ФК Слога од Виница.

 

 






 

 




 

 





 



 

Related Articles

Временска прогноза