ПОРАЗИ НА НАШИТЕ ТРЕТОЛИГАШКИ ЕКИПИ, ФК РАКЛИШ И ФК ДЕТОНИТ

ФК Раклиш денес на Градскиот стадион го одигра натпреварот против екипата на ФК Овче Поле од Свети Николе.

Нашите фудбалери ја имаа иницијативата во текот на целиот натпревар но не успеаа да реализираат, првото полувреме беше една сцена со груба игра и недефинирани судиски одлуки, кој му овозможија на гостинот да реализира во 23 минута и го постигне водечкиот гол.

Второто полувеме гостите ги реализираа уште двете шанси кои ги имаа заминувајки си од Радовиш со трите бода.

ФК Раклиш во недела во следното коло гостува во Струмица кај екипата на ФК Тиверија.

РК РАКЛИШ-ФК ОВЧЕ ПОЛЕ 0-3 (0-1)


ФК Детонит одигра на гостински терен во Виница против ФК Слога, која оваа година е претендент за влез во Втората лига.

Во Виница денес се било освен фудбалски натпревар, како што не известија од ФК Детонит во текот на целиот натпревар се соочувале со неспортски однесувања на теренот. 

Исто така тренерот и резервните играчи на клупата во текот на целиот натпревар биле мавани со различни предмети, со што имало прекини повеќе пати.

Следното коло во недела ФК Детонит го игра на домашен терен против екипата на ФК Младост од Удово.

ФК СЛОГА – ФК ДЕТОНИТ 3-0

Дали овие инциденсти од страна на ФФМ ќе бидат забележани и ќе следува санкции, останува да видиме во следниот период, и во Радовиш на натпреварот ФК Раклиш-ФК Овче Поле, судијата ја губеше контролата на натпреварот со што дозволи една груба и нефер игра од страна на двата тима, во Виница како што не известија катастрофално и несватливо за еден фудбалски натпревар. 

 

 

 




 






 

 




 





 

Related Articles

Временска прогноза